Јапонците се една од најздравите нации во светот, а нивната земја е прва во светот по бројот на стогодишници – имаат рекордни 67.482 во 2017 година, а нивната бројка веќе 47 години по ред се зголемува.
Тие се хранат здраво, не се дебели и, генерално гледано, тие се многу здрав народ. Но, и покрај ова, научниците откриле дека секое осмо лице во Јапонија има хронично заболување на бубрезите, што е една од највисоките стапки на заболување во светот. Во студијата спроведена од австралискиот универзитет „Монаш“ научниците ја анализирале оваа интересна противречност – здравјето и болестите кај Јапонците.
На обдукциите тие анализирале 27 бубрези на Јапонците и откриле дека имаат значително помалку нефрони во нивните органи. Нефроните се клетки на бубрезите, микроскопски филтри кои отстрануваат отпаден материјал од крвта пренесувајќи го во урината. Колку е помал бројот на нефрони, толку полоша улога играат бубрезите како прочистувачи на крвта, што резултира во разни заболувања на бубрезите, но има и пошироко влијание врз целокупното здравје, на пример, со предизвикување висок крвен притисок, пишува „ИФЛ наука“.
На обдукцијата е заклучено дека имало речиси 640.000 нефрони во бубрезите на Јапонците, а кај Европејците, на пример, просечниот број нефрони бил околу 900.000. Постојат неколку објаснувања за ова. Првенствено, помалиот број нефрони може да бидат поврзани со фактот дека тие се помали. Покрај тоа, сите лица чии бубрези биле испитувани се родени во 40-тите и 50-тите, што беше време на голема сиромаштија и лоши услови за живеење во Јапонија. Поради неисхранетост на нивните мајки, можно е уште во матката да се формирале помал број нефрони во нивните бубрези, објаснува одговорниот за студијата, д-р Го Канзаки.
Истражувачите се надеваат дека малиот број нефрони може да им помогне на лекарите да предвидат појава на хипертензија и заболувања на бубрезите, но претходно треба да се најде начин како тие се избројале, без да се прави рез на бубрезите.
Текстот Обдукциите откриле нешто многу чудно за Јапонците е превземен од USB.mk.