Обелоденети карактеристиките на ракетата „Сармат“: Погодува цел на 18 илјади километри?

На воено-техничкиот саем „Армија-2019“ производителите на интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“ првпат јавно ги презентираа нејзините навистина супериорни тактичко-технички карактеристики.

Во брошурата што ја опишува ИБР „Сармат“ се наведува дека оваа ракета може да погоди точка која се наоѓа на оддалеченост од 18 илјади километри во однос на местото од каде што е лансирана. Нејзината стартна маса изнесува 208,1 тони, а товарот што може да го подигне достигнува тежина од 10 тони. Најголемата тежина се однесува на горивото кое во овој случај тежи 178 тони. Должината на ракетата „Сармат“ достигнува 35,5 метри, а нејзиниот пречник 3000 мм. Во брошурата се напомнува дека ракетата е опремена со боев блок кој се состои од повеќе независно насочени боеви глави¹, пренесува интернет-порталот РИА „Новости“.

На саемот беше прикажана макета на оваа ракета.

Неодамна рускиот претседател Владимир Путин најави воведување на ИБР „Сармат“ во Ракетните сили за стратешка намена, но, исто така, и на борбените ласери „Пересвет“, подводниот дрон-торпедо „Посејдон“ и хиперсоничната ракета „Кинжал“, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.

Во мај оваа година беше соопштено дека руското Министерство за одбрана планира во текот на следните две години (2019-2021) реализира две лансирања на интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“. За комплетирање на експерименталниот контингент на ИБР „Сармат“ беа потребни технички унапредувања на фабричките капацитети каде ќе се произведуваат овие ракети. Беше објавено и дека тестирањата на балистичката ракета „Сармат“ ќе се извршат на космодромот Плесецк, каде што веќе се создадени инфраструктурни услови за реализација на овие лансирања.

На почетокот на февруари оваа година беше објавено дека тестирањата на интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“ покажале целосна исправност на применетите технички решенија при нејзиното конструирање.

Извор: Russia Beyond

Текстот Обелоденети карактеристиките на ракетата „Сармат“: Погодува цел на 18 илјади километри? е превземен од USB.mk.