Објавени низа документи за НЛО: Вистината за инцидентот на езерото Фалкон конечно јавна?

Канадскиот научник Крис Рутковски ја донираше својата колекција од над 20.000 документи за НЛО, составени во претходните три децении, како и уште 10.000 слични документи од канадската влада, до Универзитетот Манитоба.

Вистината за неидентификуваните летечки објекти некаде постои, а сега ентузијастите и истражувачите ќе имаат можност да ја најдат во низата документи.

Како што верува научникот Крис, некои од најдобрите документи се однесуваат на инцидентот кај езерото Фалкон.

„Подобар е дури и од Розвел (летечкиот објект кој наводно бил виден над Ново Мексико во 1947-та година) затоа што САД и понатаму не признава дека истото тоа се случило во Розвел“ – изјавил научникот за CBC.

Како што пишуваат од Live Science, инцидентот на езерото и понатаму тешко може да се објасни.

Наводно се случил на 20. мај 1967. година кога индустрискиот механичар Стефан Мичалак во пустината барал кварц и сребро, а бил запрепастен од гуските кои биле вознемирени поради нешто кое било во нивна близина.

Го подигнал погледот и видел два предмети во облик на цигари како лебдат над тлото. Еден се спуштил, а другиот полетал. На тој што слетал му се приближил и почувствувал мирис на сумпор.

Се зборува дека објектот бил толку многу жежок што нанесувал изгореници и преку ракавиците.

Кога објектот свртел и полетал, на човекот го испрскал со врела гас, оставајќи му изгореници од прв степен на стомакот. Неколку недели потоа имал главоболки, дијареа и халуцинации.

Неколку години подоцна на тоа место пронајдено било парче метал кое било многу радиоактивно.

Извор: Telegraf.rs

Текстот Објавени низа документи за НЛО: Вистината за инцидентот на езерото Фалкон конечно јавна? е превземен од USB.mk.