Паметните очила со кои се управува со поглед и кои самостојно ги обработуваат податоците се нешто што можеби звучи како научна фантастика. Една компанија од Виена, меѓутоа, не мисли дека е така.
Додека спонтано шетате на плоштадот пред Виенската катедрала Свети Стефан, ја погледнувате заинтересирано – за системот на вашите “паметни” очила го препознава објектот и автоматски, во вашето видно поле ви ги прикажува сите потребни информации за него.
Ова е само еден од примерите како може да се користи оваа технологија.
Вашите очи, при употребата на овој уред, ја преземаат улогата на компјутерски маус. Со очите можат да се бираат сите занимливости. Системот е во состојба да направи видео запис или фотографија, и при тоа директно да ја испрати на саканата мејл адреса.
Многу компоненти се произведуваат со помош на 3D принтер, а електрониката рачно се вградува во очилата.
Иако првобитниот план на производителот, виенската компанија ViewPointSystem беше производството да се префрли во Силиконската долина во Америка, благодарение на поттикнувањата од Европската унија, одлучено е производството да остане во Австрија.
Треба да се напомене и дека слични уреди веќе постојат во понудата на поголемите играчи, како што се Google, Microsoft и Sony.
Текстот Очите како маус: Скролајте, снимајте и праќајте мејлови со поглед (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.