По неколкугодишна работа, истражувачи објавувија огромна база на податоци со детали за молекуларната структура на туморските клетки кај повеќе од 500 пациенти со агресивен рак на крвта, наречен акутна миелоидна леукемија (AML). Базата на податоци вклучува колку и резултати од тоа како стотици клетки од индивидуални пациенти реагирале на широк дијапазон на лекови, пишува Science Daily.
Ова претставува најголемата база на податоци за рак од ваков вид и може брзо да ги унапреди клиничките испитувања околу проценка на потенцијалните AML третмани, вели Брајан Друкер, истражувач од Медицинскиот институт Хауард Хјуз при Универзитетот за здравствени науки во Орегон (OHSU).
Користејќи нов прегледувач на податоци, истражувачите сега можат само за неколку минути да најдат кои видови на целни терапии се најефективни против специфичните подмножества на AML-клетките.
“Луѓето можат на интернет да ја пребараат целата нашата база на податоци и многу брзо да добијат одговор на тоа дали се работи за добар лек“, рекол Друкер
Околу 20 илјади луѓе во САД секоја година добиваат дијагноза на AML. Ракот започнува во крвните клетки на коскената срцевина и најчесто се дијагностицира кај постарите возрасни лица. Во текот на последните 40 години, напредокот во лекувањето на болеста е се уште во застој; а петгодишните стапки на преживување кај пациенти над 60 години се уште изнесуваат помалку од 10 проценти.
Текстот Огромна база на податоци за леукемијата може да помогне при одредувањето на правилна терапија е превземен од USB.mk.