Научниците снимиле огромни баскинг ајкули во водите на Шкотска, користејќи ја првата автономна камера во Велика Британија.
Во сопственост на океанографскиот институт Вудс Хул, подводниот робот ги доловува моментите и однесувањето на некои од најголемите риби во светот.
Научниците се надеваат дека овие снимки ќе помогнат во зачувувањето на овие видови ајкули. Иако огромните ајкули се широко распространети во шкотските води, малку е познато за нив. Затоа, активистите за животна средина и животни сакаат дел од морето да биде одреден како морско заштитено подрачје.
Со автономната подводна камера, научниците ги следеа баскинг ајкулите. Технологијата наречена REMUS Shark Cam направи фотографии со висока резолуција и висококвалитетни видеа од овие ајкули.
Текстот Огромни баскинг ајкули снимени со автономна подводна камера е превземен од USB.mk.