Пред да почне песочната бура на Марс, роверот Opportunity успеа да ја сними атмосферата, и на Земјата да испрати нови фотографии.
Новите фотографии донекаде се и заклучок на мисијата, па на нив може да се види деталната панорама на Марс, која настанала со комбинација на снимки од маратонското патување на Црвената планета. Роверот од Земјата не „планираше“ да помине толкава далечина, па мисијата од 90 дена се претвори во патување од 15 години.
Конечната фотографија од 360 степени настана на последното место за одморање во мај 2018, кога во период од 29 дена Opportunity направи дури 354 снимки, за потоа да ги испрати назад во NASA, каде што експертите ги споија во една панорама.
Последната панорама е илустрација за тоа што се роверот Opportunity постигнал во „далечниот свет“, па во центар се гледа Endeavor Crater, додека скроз десно е Perseverance Valley. Има се повеќе луѓе кои мечтаат за тоа дека некои идни човечки или роботски вселенски патници овие снимки ќе ги искористат како прва мапа, а фантазијата не е секогаш далеку од реалноста.
Текстот Opportunity: Празнична атмосфера на Марс е превземен од USB.mk.