Војската на Јужна Кореја објави планови за дизајнирање роботи кои ќе се однесуваат како луѓе и животни.
Според западните медиуми, „Биороботите“ можат да бидат и составен дел на армијата за пет години.
Администрацијата на Јужнокорејската програма за набавка на одбраната (ДАПА) објави нов документ кој нуди увид во грандиозните планови на земјата во следните неколку години да стави во воена служба неколку видови софистицирани биометриски роботи.
ДАПА соопшти дека ќе направи напори да дизајнира роботи кои ќе личат на луѓе, но и на други живи суштества, како што се инсекти, птици, змии и морски животни.
Засега, приоритет е развојот на човечки роботи и оние слични на инсекти.
Доколку успее овој труд, роботот би можел да се воведе во јужнокорејската војска во 2024 година. Со реализација на овој проект се поставува нов правец за иднината на одбранбената индустрија.
Кога ќе се „регрутираат“ за војска, хуманоидните и анималоидните роботи ќе се користат за различни задачи, вклучувајќи спасувачки и истражувачки мисии.
– Идните војни ќе вклучуваат оператори и машини, а не војници кои ќе пукаат едни на други на боиштето, истакна Андреи Григориев, шеф на Фондацијата за напредни истражувања.
Потегот за замена на луѓето со напредни роботи за убивање предизвика страв од неминовното уништување на човештвото.
Текстот Оружје на иднината: Роботи се претвораат во луѓе и животни е превземен од USB.mk.