Научници од Универзитетот „Бен Гурион“ открија ген што е одговорен за појава на аритмија кај луѓето, што досега не било познато за науката.
Како што објави ТПС Израелската новинска агенција, аритмијата е причина за смртта на 200.000 луѓе годишно, а израелските научници го направија првиот чекор кон пронаоѓање лек.
Проучувајќи ја генетиката на три генерации еврејски семејства од иранско потекло, истражувачите дошле до сознание дека мутација во генот КЦНД2, како процес поттикнува создавање на т.н. калиум јонски канал Кв-4.2 во срцето. Со генетските истражувања раководеа проф. Амос Кац, кардиолог и декан на Факултетот за здравствени науки и д-р Менахем Сасон, матичен лекар на семејството.
Врз основа на овие откритија, Националниот институт за биотехнологија во Негев (НИБН) и Факултетот за здравствени науки при Универзитетот се во првична фаза на развој на лек против аритмија.
Текстот Откриен ген одговорен за појава на аритмија кај човекот е превземен од USB.mk.