Научници открија претходно непознат орган преку кој луѓето ги детектираат опасните надразнувања од околината и може да биде одговорен за одредени видови болка.
Органот се наоѓа под горниот слој на кожата, а го пронајдоа научници од шведскиот Институт Каролинска. Се состои од мрежести Шванови клетки кои се наоѓаат во близина на нервите, влегуваат во нервните клетки за да ги одржат во живот. Претходно не беше познато дека учествуваат во чувството на болка.
Научниците биле изненадени со ова откритие затоа што долго време се верувало дека завршетоците на нервните клетки во епидермисот се голи и немаат обвивка.
„Нашето истражување покажа дека чувството на болка не се јавува само во кожните нерви, туку и во неодамна откриениот орган кој е осетлив на болка. Новиот орган е двоклеточен рецептор кој заедно го сочинуваат нервот и Швановите клетки“ велат тие.
Извор: Klix.ba
Текстот Откриен нов орган одговорен за чувство на болка е превземен од USB.mk.