Мистериозна голема маса на материјал е откриена под најголемиот кратер во нашиот сончев систем – Ејткен басенот, лоциран на јужниот пол на Месечината. Претпоставките се дека тој може да содржи метал од астероид кој се урнал на Месечината и го формирал кратерот, укажува студија направена на Универзитет Бејлор.
“Замислете да земете еден куп метал, за пет пати поголем од Големиот Остров на Хаваи и да го закопате под земја. Приближно толку е голема неочекувана маса што ја откривме”, рече водечкиот автор на студијата Питер Б. Џејмс, пренесува Science Daily.
Кратерот сам по себе е во облик на овална форма, широк 2.000 километри – приближно колкурастојанието помеѓу Вако, Тексас и Вашингтон – и неколку милји длабок. И покрај неговата големина, тој не може да се види од Земјата, бидејќи се наоѓа на далечната страна на Месечината.
За да се измерат суптилните промени во силата на гравитацијата околу Месечината, истражувачите ги анализирале податоците од вселенските летала, користени за НАСА мисијата за гравитационо закрепнување и за внатрешна лабораторија (ГРАИЛ).
“Кога ги комбиниравме со податоците на лунарната топографија од Лунарниот извиднички орбитер, откривме неочекувано голема количина на маса, стотици километри под сливот на Ејткен басенот”, рече Џејмс. “Едно од објаснувањата за оваа екстра маса е дека металот од астероидот што го формирал овој кратер “се уште е вграден во површината на Месечината““.
Текстот Откриена масовна аномалија под најголемиот кратер на Mесечината е превземен од USB.mk.