Научниците од универзитетите во Берн и Женева ја открија најтоплата планета досега, чии температури на површината одат преку 4.327 степени целзиусови
Во атмосферата на Kelt-9b се пронајдени железо и титаниум, што многу кажува за топлината која испарува од оваа планета.
Kelt-9b е голема колку три планети со големината на Јупитер, но нејзината вкупна маса е двојно помала, што им овозможува на тешките метали да испаруваат. Планетата полека станува потопла од некои ѕвезди.
Топлината на оваа планета ја предизвикува ѕвездата Kelt, чија површина достигнува температури од 10.000 степени, а оваа ѕвезда е 30 пати поблиску до Kelt-9b отколку што Земјата е близу до Сонцето.
Планетата кружи околу ѕвездата 36 часа, за разлика од Земјата, која кружи околу сонцето само 24 часа. Kelt-9b се наоѓа на 650 светлосни години далечина од Земјата, во соѕвездието Лебед.
Во нашиот Сончев систем најтопла планета е Јупитер, чија температура достигнува до 462 степени Целзиусови.
Извор: Klix.ba
Текстот Откриена најтоплата планета, на Kelt-9b се топат железо и титаниум е превземен од USB.mk.