Научниците откриле дека сјајот на ѕвездата Таби на неколку наврати нагло опаднал, дури и за 22 проценти, за по некое време повторно да светне.
Кај ѕвездата наречена EPIC 204376071 се случи уште поневеројатен феномен со пад на светлоста од 80%, која повторно се вратила, најверојатно откако телото или објектот што ја блокирал светлоста си заминал.
Научниците , откако понудиле четири можни теории , кои не се целосно уверливи , не исклучуват можност за некаква напредна вселенска технолигија на вонземјани, односно Дајсонова сфера или мегаструктура што би била изградена околу ѕвездата, така што целосно ја обиколува и собира дел од нејзината енергија.
Ѕвездата EPIC 204376071 е мала ѕвезда со 16% од масата на Сонцето и нејзиниот сјај е само 3% од сјајот на нашето Сонце, а температурата му е двојно помала од онаа на Сонцето.
Текстот Откриена нова ѕвезда со мистериозни сигнали (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.