Научниците открија нова комета за која сметаат дека доаѓа од просторот вон нашиот Соларен систем и да е „меѓуѕвезден посетител“.
Новооткриената комета се движи кон орбитата на Марс. Се проценува дека е со дијаметар од околу 16 километри.
Кометата се нашла во соседството како „меѓуѕвезден посетител“, а нејзиниот пат го утврдил астрономот Генадиј Борисов.
Линијата на движење на кометата е многу заоблена и брзината е невообичаено висока, што е уште еден доказ дека кометата потекнува надвор од просторот на Сончевиот систем.
На својот пат, се очекува целосно да ја заобиколи Земјата. Научниците предвидуваат дека тоа ќе биде видливо за професионалните телескопи следната година, пренесува РТС.
НАСА и Европската вселенска агенција ја потврдија веста, најавувајќи дека работат на собирање информации за кометата.
Текстот Откриена нова комета која се движи кон Марс е превземен од USB.mk.