Откриена нова месечина во нашиот сончев систем (ВИДЕО)

Научниците открија нова месечина во нашиот сончев систем – која се чини била цело време пред нашите очи.

Ново небесно тело, наречено “Hipokamp”, било откриено во орбитата околу Нептун. Тоа е најмалата месечина на Нептун која се однесува многу чудно.

“Hipokamp” претходно беше фатен на фотографиите, но технолошките можности на астрономите не беа доволно развиени за да ги забележат и категоризираат.

Кога леталото “Voyager 2” пролета покрај Нептун во 1989 година, забележа шест “внатрешни” месечини што орбитираат околу планетата. Сите се многу мали, и многу помлади од самиот Нептун, па затоа веројатно се формирале по големата месечина Титан.

Но, новото истражување покажува дека има уште една мала месечина околу Нептун. Така, бројот на месечини на оваа планета се искачи на 14, а ова откритие доведе до нови сознанија за тоа како е формиран Нептун.

Текстот Откриена нова месечина во нашиот сончев систем (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.