Астрономите откриле вселенски упад на астероид во орбитата на нашата планета.
Астрономите од Тускон, Аризона открија нов астероид кој кружи околу нашата планета. Астероидот е наречен 2020 CD3.
Ова откритие на Twitter го објави Кацпер Виершхос, истражувач на Catalina Sky Survey програмата од планетарната лабораторија на Универзитетот во Аризона.
„Земјата има нов привремен објект, можна „мини Месечина“ наречена 2020 CD3. Заедно со колегата Теди Прајн го пронајдовме објектот на 15 февруари“, вели тој.
BIG NEWS (thread 1/3). Earth has a new temporarily captured object/Possible mini-moon called 2020 CD3. On the night of Feb. 15, my Catalina Sky Survey teammate Teddy Pruyne and I found a 20th magnitude object. Here are the discovery images. pic.twitter.com/zLkXyGAkZl
— Kacper Wierzchos (@WierzchosKacper) February 26, 2020
Според зборовите на астрономот, ова откритие е голема работа бидејќи станува збор за вториот астероид за кој се знае дека орбитира околу нашата планета. Првиот беше откриен во 2006 година и беше наречен RH120.
Извор: Klix.ba
Текстот Откриена нова „мини Месечина“ која моментно кружи околу Земјата (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.