Тим од археолози, научници и геодети ги открија најстарите остатоци од брод на светот – грчки трговски брод, каков што порано можел да се види само на древни керамички предмети.
Археолозите кои го истражуваат Црното Море соопштија дека бродот е пронајден во близина на бугарскиот брег, на длабочина од речиси 2.000 метри, во услови без кислород.
Со анализа на радиоактивниот јаглерод во примероците земени од бродот, експертите утврдиле дека бродот е постар од 2.400 години.
Морските археолози три години ја истражувале таа област, користејќи технологија која претходно им била достапна главно на нафтените компании.
Текстот Откриени најстарите зачувани остатоци од антички брод (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.