Египетските археолози открија необично ретко богатство на делтата на Нил: остатоци од античко село, кои датираат од околу 5000 п.н.е. Ова село е едно од најстарите некогаш откриени во регионот, и е 2,500 години постаро од пирамидите.
Неолитската ископина, во плодното место Тел ел-Самара лоцирано 140 километри северно од Каиро, е 7,000 години старо, велат од Египетското министерство за антиквитети.
Заедничкиот француско-египетски тим пронајде неколку силоси за складирање кои содржат органска материја (коски од животни и траги од растенија) што им овозможило да откријат од кој период потекнува ова село. Тие исто така пронашле и грнчарски предмети и камени алати, што покажува дека се работи за стабилна заедница.
Овие откритија отвораат можност да се идентификуваат и откријат предисториските заедници кои се протегале покрај делтата на реката Нил, илјадници години пред легендарниот Крал Менес да ги соедини горен и долен Египет создавајќи ја првата фараонска династија.
„Анализиата на биолошкиот материјал што беше откриен, ќе ни направи појасна слика за првите заедници кои биле лоцирани на делтата на Нил, како и на почетоците на земјоделството и сточарството во Египет,“ вели Надиа Кедр од египетското министерство за антиквитети.
Научниците сметаат дека сточарските практики во селото најверојатно биле целосно зависни од дождовите. Ова сознание може да помогне да се открие развојот на иригациски-базираното сточарство кое подоцна било практикувано во долината на Нил во период од илјадници години.
Во едно неодамнешно откритие, археолозите осознале дека античките Египќани ги мумифицирале нивните мртви многу порано од што се мислеше. Тимот пронашол докази за мумификација од пред 5,600 години, пред времето на фараоните.
Иако во пронајденото село не се откриени докази за процес на мумификација, Тел ел-Самара е потенцијално бесценет извор на информации за предисториските населби во антички Египет.
Ископувањата ќе бидат комплетирани следната сезона, а потоа ќе следи целосна анализа на пронајдоците.
Текстот Откриено античко египетско село кое е постаро 2,500 години од пирамидите е превземен од USB.mk.