Истражувачи од американскиот Геолошки институт открија езеро на дното на кратерот на најактивниот вулкан на Хаваите, што е многу невообичаена појава.
Според истражувачите, вулканот Килауеа ја загрева водата во езерото, во кратер во кој претходно имало лава. Температурата на водата е околу 70 степени.
Лавата во кратерот исчезна минатата година, кога Килауеа за првпат престана да еруптира, по повеќе од 30 години.

Областа и понатаму е непристапна и опасна поради гасовите и другите ризици кои се појавуваат.
Извор: B92.net
Текстот Откриено езеро на дното на кратерот на вулканот Килауеа (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.