Отровот на жолтата скорпија – најскапата течност во светот (ВИДЕО)

Отровот на средоземната жолта скорпија може да биде смртоносен, но исто така може да ви помогне да заработите милиони долари.

Средоземната жолта скорпија (Leiurus quinquestriatus) е една од најопасните скорпии на планетата, а нејзиниот отров е најскапата течност во светот – неговата вредност е 39 милиони за само 3,78 литри.

Дури и да имате пари, не можете да купите еден литар од овој отров бидејќи можете да го добиете само во мали количини. Имено, за 130 долари ќе добиете капка помала од зрно шеќер.

За да се добие оваа скапоцена течност, отровот мора да се извади рачно, а една скорпија произведува, во најголем број случаи, најмногу  два милиграма отров.

Еден убод не е доволен за да убие здрав човек, но сигурно предизвикува болка.

Основачот на фармацевтска компанија „Веномтех“, која се занимава со производството на лекови, Стив Трим, е еден од ретките луѓе кои го користат моќниот отров на скорпијата бидејќи содржи голем број корисни материи кои можат да помогнат во развојот на медицината.

Хлортоксинот, на пример, се врзува за специфични туморски клетки во мозокот и ‘рбетот, што е важно за идентификување на специфичната големина и местото на кое се наоѓа канцерот. Истражувачите користеле скорпии и за елиминирање на маларијата кај комарците.

Ова се само некои од медицинските придобивки што истражувачите ги нашле во отровот на скорпијата. И колку повеќе истражуваат, толку повеќе дознаваат за нејзините придобивки, што значи дека побарувачката за овој чудесен отров продолжува да расте.

Текстот Отровот на жолтата скорпија – најскапата течност во светот (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.