Пештерската слика пронајдена на индонезискиот остров Сулавеси би можела да биде најстариот познат сликовен запис, велат австралиските и индонезиските научници.
Прикажани се осум луѓе со карактеристики на животни кои се во потера, со помош на копја, со животни како свињи, типични за овој индонезиски остров.
Досега најстарото уметничко дело во карпа кое прикажува ликови со карактеристики на животни било пронајдено на скулптура од слонова коска во Германија.
Се смета дека потекнува од пред 40.00 години и прикажува човечко тело со глава од мачка.
Еден од авторите на истражувањето, археологот Адам Брум од австралискиот Универзитет Грифит рекол дека индонезискиот приказ би можел да биде доказ за најраната човекова духовност.
Инаку, ликови со карактеристики на животни се јавуваат во фолклорна или наративна фикција во речиси секое модерно општество и се доживуваат како богови, духови или суштества во многу религии ширум светот.
Истражувањето е направено во соработка со Индонезискиот национален истражувачки центар за археологија и научниците од одделението за културни наследства на Макасар, главен град на Јужен Сулавеси.
Текстот Оваа пештера ги крие најстарите цртежи (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.