Постапката на оплодување била успешна и сигурна. Истражувачите во Јоханесбурх успеале да одгледаат три фетуси од бел носорог кој речиси целосно изумрел, пренеле од агенцијата АП.
Засега се живи само две женки и ембрионите кои биле добиени преку оплодување на јајцата на некоја женка со смрзната сперма од мажјак кој угинал.
Ембрионот бил сместен во течен нитроген и ќе биде префрлен во сурогат мајка во текот на наредните месеци.
Кенискиот министер за диви животни, Наиб Балала изјавил дека е многу возбуден поради тоа што еден подвид носорози ќе биде спасен благодарение на научниците.
Целта е да се оформи стадо кое би имало по пет животни од двата пола и кои би биле вратени во нивното природно опкружување.
Се покажало дека постапката на оплодување е сигурна и успешна. Следниот чекор е да се избере женка во кинеското одгледувалиште на носорози која би била сурогат мајката.
Инаку, носорозите биле загрозени поради нивното забрането убивање и тоа оние белите поради нивниот рог кој е многу ценет во кинеската традиционална медицина.
Последниот жив мажјак, бел носорог, бил 45-годишниот Судан кој во 2017-та година ја стекнал својата слава кога во медиумите го нарекувале “најбараниот младоженец на светот“.
Името Судан го добил по земјата во чија дивина е роден, но морале да го убијат пред две години затоа што бил болен, а поради неговата старост не можел да биде излечен.
Извор: Alo.rs
Текстот Овој вид на животни е спасен од целосно истребување (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.