Бонсаи е древна јапонска уметност за одгледување на минијатурни дрвја во мали чинии и била поврзана со Зен будизмот во раната историја. Овие минијатурни дрва некои се убави, а на некои не се, но она што е сигурно е дека тие живеат подолго од луѓето, и сите знаат за нивното одржување и посветеност. Сега, како дел од проектот за изложба на технологија, јапонската мултинационална компанија TDK го води целиот традиционален концепт на Бонсаи во иднината. Нивниот интерактивен демо BonsAI е автономна мобилна бонсаи билка со вградена вештачка интелигенција.
Преoбликуваното на паметно дрво благодарение на високотехнолошката основа, сега може да се движи за да ја пронајде најдобрата локација каде има доволно сончева светлина. Основата може да прифати тежина од 20 кг, со други зборови: многу убав ( и стар ) Бонсаи. Индустрискиот дизајн е дефинитивно модерен, но добро би се вклопил во традиционална куќа.
Понекогаш дрвото ќе ја побара вашата помош: кога сензорите детектираат суша, дрвото ќе дојде до својот сопственик да побара вода, така што на базата ќе ја промени бојата. Не само што ве предупредува кога е жедно, туку може да ве следи околу Зен храмот и да разговара со вас , и ќе се однесува како едноставен, паметен звучник. Она што е најимпресивно, дури може да одговори и на прашањата за смислата на животот и изгледа сака да го цитира Гето: “Она што е важно во животот е животот , а не резултат на животот”.
Bons-AI не е производ, туку интересно демо кое TDK го осмислиле за да ги демонстрира сите негови компоненти и сензори што може да ги направи. Bons-AI е опремен со сензор за земјиште, камера ( која го навигира неговото движење ), сензор за движење ( за стабилност ), мали соларни ќелии, сензор за амбиентално светло , безжичен полнач се подразбира и микропроцесор.
Извор: PC Press.rs
Текстот Паметен Бонсаи се движи кон сончевите зраци и бара вода од сопственикот (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.