Паметната кожа ја менува бојата не е новина, но научниците се труделе да развијат концепт. Моментната паметна кожа е кревка и се собира по изложувањето на различни температури. За да помогнат во отстранувањето на тој проблем, научниците се свртеле кон анализата на деталните видео записи од кожата на камелеонот. Ова им помогна да развијат далеку поеластична верзија на оваа технологија, што покажува ветувачка иднина за кожата која ја менува бојата.
Камелеоните можат да ја менуваат бојата благодарение на фотонските кристали во својата кожа. Како ги затегнуваат или опуштаат мускулите, светлоста се одбива во различен образец, шро резултира со промена на бојата. Проблемот со синтетичката кожа која ја менува бојата е во хидрогелот во кој се пакуваат фотонските кристали. По ширењето и контаркциите, големата количина кристали би предизвикала собирање на кожата. Калид Салаита и неговите колеги го решиле овој проблем со заклучокот дека помалку е повеќе.
Тимот гледал time-lapse видео записи од фазите на менување на бојата на кожата кај камелеонот и сфатиле дека рептилите имаат помалку ќелии на кожата со фотонски кристали отколку што претходно се мислело. Со пакување на помал број фотонски кристали во тенок слој на хидрогел и ставање на тој дел на поголем слој од безбојниот хидрогел, паметната кожа може без проблеми да се прошири и собира. Како што температурата се менува или сончевата светлост удира на површината, така материјалот ја менува и бојата.
Текстот Паметната кожа која ја менува бојата унапредена со помош на камелеони е превземен од USB.mk.