Можете да бидете сигурни дека превозот ќе биде кошмар за многу луѓе кои ќе присуствуваат на Олимпијадата во Париз во 2024 година, но технологијата би можела малку да олесни. Airbus, Aeroports de Paris и Paris Transport Authority ја истражуваат можноста за користење на автономни летeчки такси за превоз на патници од аеродромот Charles de Gaulle до градот.
Со оглед дека е потребно околу еден час да пристигнете до Париз со автобус или воз, тоа би можело да заштеди драгоцено време кое би било подобро да го потрошите во пронаоѓање на хотели и уживање во Олимписките игри. Не би чекале долго, бидејќи таксито може да лета на секои шест минути.
Има многу делови кои треба да се сложат на своето место за тоа да функционира. Самите такси возила мора да бидат доволно безбедни за да може да летаат и долго да трае батеријата. Партнерите, исто така, мора да осигураат дека летачките такси возила добро ќе се вклопат со постоечката инфраструктура и прописи. Меѓутоа, ако сè пројде како што треба, можеби нема да морате да влегувате во возила кои се врзани за земја додека не бидете веќе во Париз. Ова, исто така, може да послужи како тест за другите градови кои сакаат да видат колку добро летечките такси се носат со големите настани.
Извор: PC Press.rs
Текстот Париз би можел да понуди летечки такси возила за Олимпијадата 2024 е превземен од USB.mk.