„Кажете им збогум на врвките за чевли”, ова се зборовите со кои на презентацијата на новите патики, на присутните им се обрати Мајкл Донах, директор на Nike задолжен за иновации. Така, овој голем гигант ги претстви на пазарот патиките без врвки, Nike Adapt BB, кои се подобрена верзија на нивните први патики без врвки Hyperadapt 1.0.
Тие се создадени за кошарка, што може да се види и според додатокот во името BB. Според Nike е најважно што овие патики совршено се прилагодуваат на стапалото. За разлика од претходниот модел кој можеше да се контролира со притискање на копче кое се наоѓа на патиките, на новиот модел силата на врвките се определува исклучиво со апликација, пишува „Бизнис инсајдер“.
Патиките се „доволно паметни” за да се прилагодат на самата нога, а со помош на апликацијата може да се замени и бојата на дното на патиките. Тие ќе почнат да се продаваат од февруари по цена од 350 долари за чифт. Патиките се со безжично полнење, а по три часа полнење може да се носат две недели без ново полнење.
Nike со ова ги најавува новите технолошки можности на обувките, кои исто така ќе се користат за да се соберат низа податоци за корисниците на обувки, се разбира ако тие го дозволат. Податоците може да се користат за следење на нивните движења и ефекти, кои би можеле да помогнат во развојот на нови производи и услуги, што сигурно ќе биде различно во иднина отколку што го знаеме денес.
Introducing Nike Adapt BB. Power laces for the perfect fit.
Pre-order now for a limited time only on https://t.co/bowoctlxR0 in the U.S. Arriving globally February 17: https://t.co/5cm5ou0XQC #nikeadapt pic.twitter.com/UDbUBK7HvK
— Nike (@Nike) January 15, 2019
Ова е исто така почеток на Adapt платформата, за која се надеваат дека освен кошаркарските патики ќе ги опфати и оние за трчање и други.
Текстот Патиките на иднината се врзуваат сами и се управуваат со смартфон (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.