Експеритете од авиокомпанијата KLM во соработка со Универзитетот за технологија Делфт го презентираа својот нов проект – авион во кој патничките седишта се наоѓаат дури и во крилјата!
Овој нестандарден дизајн не само што ќе го направи леталото поодржливо, туку и ќе ја зголеми ефикасноста на горивото, велат инженерите.
Авионот бил наречен “Flying-V” поради својата V-форма, и ако проектот успее, тој ќе стане првиот авион во кој патниците седат дури и на крилјата.
Сега инженерите подготвуваат прототип за да го претстават оваа есен, а потоа експертите и обичните луѓе ќе можат да проценат како изгледа внатрешноста и надворешноста на авионот. Откако ќе се одобри дизајнот на авионот, инженерите ќе започнат со дизајнирање.
Ќе биде потребно неколку години за производство на авионот, а дури по 2040 година, Flying-V би бил достапен за комерцијална употреба.
Текстот Патнички авион во кој ќе има седишта и на крилата (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.