Патниците наскоро би можеле да стојат во авионите, доколку се реализираат желбите на авиокомпаниите кои имаат намера да купуваат седишта од италијанскиот производител „Авиоинтериорс“, наменети за пократки релации.
Станува збор за места на кои патниците и натаму ќе можат да седат, но како каубојци на коњи или како да се качени на велосипед. Американското воздухопловство веќе ги одобри ваквите седишта со образложенине дека каубојците можат во таква положба да јаваат и со часови. Бидејќи ваквите седишта се двојно полесни од стандардните во економската класа, многу авиокомпании сериозно ја разгледуваат ваквата идеја.
Во ваква ситуација, во авионите би можеле да се сместат до 50 патници повеќе, што ќе обезбеди 20 отсто поголеми профити за авиокомпаниите, а билетите би биле поевтини за 40 отсто.
Овие седишта веќе беа презентирани годинава на саем во Хамбург, но истите не им се допаднаа на покрупните луѓе.
Идејата за места за стоење во авион се роди пред две децении, а гласно беше поддржана и од „Ербас“ пред 15 години. Сепак, ваквите седишта сè уште не се одобрени од Европската агенција за безбедност на транспортот, бидејќи проблемот со евакуацијата не е решен.
Текстот Патниците во авионите наскоро би можеле да седат на столчиња како каубојски седла е превземен од USB.mk.