Пред точно 50 години, американските астронаути Нил Армстронг и Баз Олдрин станаа првите луѓе кои стапнале на Месечината, настан кој во живо на телевизија го следеа 500 милиони луѓе.
Нивниот лунарен модул наречен „Орел“ се спушти на Месечината во 16:18 часот по американско време на 20 јули 1969 година.
Околу шест часа подоцна, Армстронг ја спушти својата лева нога на површината на Месечината изјавувајќи: „Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото“.
Тоа беше кулминација на осумгодишната напорна работа на 400.000 луѓе и потрошени милијарди долари, а на САД им донесе сатисфакција дека го победиле Советски Сојуз во вселенската трка.
Мисијата беше лансирана на 16 јули и вкупно траеше осум дена. Колинс вели дека не бил загрижен околу слетувањето, туку дали Армстронг и Олдрин ќе се вратат на бродот.
Текстот Педесет години од слетувањето на Месечината е превземен од USB.mk.