Пентагон работи на технологија која на војниците во иднина би можела да им овозможи да ги контролираат смртоносните воени беспилотни летала само со помош на моќта на умот, а во процесот се вклучени шест експертски тимови.
Така дроновите би можеле да реагираат веднаш штом оние кои управуваат со нив ќе помислат на командата, а во проектот се вклучени и DARPA експерти, кои во 2018 година ја лансираа Next-Generation Nonsurgical Neurotechnology програмата која овозможува конструирање на интерфејс што го поврзува мозокот со компјутерот и за чија имплантација не е потребна хируршка интервенција. Шест тимови во мај оваа година почнаа да работат на нов проект во мај 2019 година, а секоја единица има поинаков пристап, па на пример, тимот од универзитетот Карнеги Мелон се занимава со прашања поврзани со електрични и ултразвучни сигнали кои би можеле да го поддржат новиот интерфејс.
Систем кој на војниците би можел да им овозможи со некое оружје да управуваат само со помош на силата на умот, отвора голем број прашања, па многумина се прашуваат што би се случило ако војник помисли на некоја команда кога не е време за? Проблемот е во тоа што технологијата која се развива за војската во одреден момент ќе пристигне и во обичниот живот, и во мирни услови, па затоа оружјето кое се контролира со мисли би можело да предизвика многу непожелни ситуации.
Текстот Пентагон: Дронови кои се контролираат со силата на човечкиот ум е превземен од USB.mk.