Доколку планирате да летувате на песочните плажи, подобро е тоа да го направите што побрзо.
Алармантната статистика вели дека, на пример, околу 67 проценти од калифорниските плажи ќе исчезнат во целост до 2100. година.
И тоа се поради големата побарувачка за песок. Песокот е еден природните ресурси кои најмногу се користат, но исчезнува бидејќи го трошиме побрзо од тоа што нашата планета може да го произведе.
Поточно, годишно трошиме околу 50 милијарди тони песок, што е двојно повеќе од тоа што се произведува во светот. Имено, иако воопшто не размислуваме на песокот, го користиме на дневна база.
Има многу широка примена. По воздухот и водата, песокот го трошиме дури и повеќе од нафтата. Се користи во производството на електроника, стакла, храна, вино, паста за заби, козметика, пластика, боја и многу други производи.
Секако, најмногу се користи во градежништвото. Така, за изградба на куќа, просечно се потребни 200 тони песок, за болница околу 3.000 тони,, додека за еден километар автопат се трошат дури 10.000 тони песок. А изградбата на се од наведеното расте од година во година, бидејќи градовите се се поголеми и поголеми, посебно во земјите во развој.
Најголем потрошувач на песок е Кина, а таа држава не го користи само за бетон и за изградба на солитери, туку и за територијално ширење. Кина со помош на песок ги изградила и островите во Јужното Кинеско море, а во тоа не е единствена. Вештачкиот архипелаг Свет во Дубаи е најголем проект за изградба на острови, за што биле потребни дури 186,5 милиони тони песок. Но, тоа што е неверојатно е дека Дубаи, кој буквално има песок под нозете, за тие проекти морал истиот да го увезе.
The World Is Running Out Of Sand — And There's A Black Market For It Now (Video)https://t.co/8Z2yZ3Rx4r pic.twitter.com/VLrAp3EoL2
— SouthFloridaReporter (@SFLReporter) June 13, 2018
Цените растат токму поради пребрзата експлоатација. Виетнам дури и би можел да остане без песок до 2020. година, тврди Фам Ван Бац, директор на виетнамскиот секретаријат за гредежни работи. Јасно е дека песокот станал барана роба, па не чуди тоа што во своето место во тоа го нашла и мафијата.
Песокот се краде практично ширум светот, но индиската песочна мафија стекнала репутација како посебно сурова. Бандите песокот го крадат директно од плажи, со багери, шлепери па дури и со лопати, а песокот го товарат обични деца: Поорганизирани групи имаат специфични бродови кои земаат песок од морското дно.
“Песокот станува важен ресурс, па така почнале да се појавуваат песочни мафии кои илегално го експлоатираат овој ресурс. Тоа посебно е проблем во Индија. Само во текот на минатата година убиени биле стотина луѓе”, рекла Аурора Торес од германскиот Центар за интегративно истражување на биодиверзитетот.
Изгледа дека е невозможно светот да остане без песок, имајќи ги во предвид пустините како Сахара. Сепак, песокот од Сахара не е погоден како градежен материјал, а токму за тоа се користи. Единствен погоден е песокот од речното или морското дно.
Само една од последиците од снемувањето на песок на планетата е зголемена опасност од природни катастрофи како цунамија или олуји. Тоа можеби најочигледно било на Шри Ланка, каде брановите во текот на цунамито во 2004. година биле значајно поголеми и поразорни отколку што би биле во случај да немало интензивно вадење на песок.
Текстот Планетата Земја останува без вода, нафта, но и песок (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.