Водата во морските “солени” потоци на Марс може да содржи прилично големи количини на кислород, не само за опстанокот на микроби, туку и на повеќеклеточни суштества. Овој заклучок го направија планетолозите кои објавија своја студија во списанието „Nature Geoscience“.
Во атмосферата на Марс речиси и да нема кислород, и затоа никој не веруваше дека на Црвената планета може да има средини што би можеле да го поддржат аеробното дишење. Нашите пресметки покажуваат дека таквите состојби може да постојат во водите на површинските слоеви на почвата на Марс“, вели Вудвард Фишер, кој студијата ја работеше со неговите колеги од Калифорнискиот институт за технологија во Пасадена (САД).
Во последниве години, геолози, астробиолози и други експерти активно се расправаат за тоа дали во површинските слоеви на почвата на Марс постојат органски резерви или микроорганизми, каде што има течна вода, каде што космичките зраци речиси не продираат и каде што е релативно топло.
Овие спорови се зголемија откако роверот на Марс откри траги од течна вода на падините на ридовите и кратерите во екваторијалните ширини на Марс. Подоцна, научниците откриле дека оваа вода содржи огромна количина на соли, вклучувајќи и токсични перхлорати, кои ја доведуваат во прашање можноста за постоење на живот во таква “солена вода”.
Текстот Планетолози тврдат дека на Марс има услови за живот е превземен од USB.mk.