рGoodyear на тековниот авто салон во Женева изненади со својата најнова концептна гума Aero која претставува граница во развојот на автономни летечки возила.
Гумата на иднината е визионерски дизајнирана како мултимодален ротор кој овозможува возење по патот и истовремено летање на возилото во воздухот.
Компанијата Goodyear со својот визионерски концепт Aero реагира на современите предизвици на сообраќајното оптоварување во градовите. Благодарение на двојната функционалност, овие пневматици би биле погодни за возење по пат и за летање во воздух, при што гумите ќе работат како пропелери односно во класична положба, би служеле како погонски систем за пренесување и апсорпција на силата на патот и од патот, додека во летачката положба тие би дејствувале како погонски систем за сигурно полетување.
Крилцата на уникатните безвоздушни пневматици на патот би обезбедувале доволно потпора и би ја носеле тежината на автомобилот, додека во позиција за летање би служеле како лопатки на ротор за полетување.
Непневматската конструкција на пневматикот би била доволно еластична со цел да се намалат ударите по должината на патот и истовремено доволно јаки да се вртат со брзина која на роторите им овозможува вертикално подигнување.
Целиот текст можете да го прочитате на порталот Додај Гас
Текстот Пневматици за автономните летечки возила на иднината (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.