Шкотските научници од Универзитетот во Единбург користејќи опрема за снимање од земја и радар од воздух откриле голема акумулација на вулкани на Антарктикот. Тие се наоѓаат неколку километри под нивото на мразот и се потенцијална опасност за нашата планета, во случај да се активираат.
Според истражувачите, најголемиот од овие вулкани ја надминува големината на познатиот Јелоустоу, или попознат како супер-вулкан. Компаративната анализа покажа дека откриените вулкани се многу поопасни за населението на Земјата отколку Јелоустоун.
Претходно, експертите од НАСА веќе сугерираа дека постои движење на територијата на Антарктикот, но не беше можно да се добијат информативни слики. Покрај вулканите, под мразот се откриени и непознати езера
Текстот Под Антарктикот има супер-вулкан поопасен и од Јелоустоун е превземен од USB.mk.