Делумно затемнување на Месечината ќе се случи во вторник на 16 јули и воедно ќе биде последното лунарно помрачување во оваа година.
Затемнувањето ќе биде видливо за жителите на Австралија, Африка, Јужна Америка, како и во делови од Европа. Истото ќе ја заобиколи Северна Америка, односно ќе биде видливо само за најјужните делови на континентот.
Помрачувањето сепак ќе биде тешко видливо, затоа што висината на Месечината над хоризонтот, нема да биде поголема од една педа испружена рака.
Помрачувањето ќе започне во 22:01, а Месечината најмногу ќе биде прекриена со сенката на Земјата и тоа 65 отсто пречник во 23:31, а од неа ќе излезе во среда на 17 јули, еден час по полноќ.
Текстот Подгответе се за последното затемнување на Месечината годинава! е превземен од USB.mk.