Подводна лабораторија исчезна без трага во Балтичкото Море

Германските служби отворија истрага за мистериозното и на на прв поглед необјасниво исчезнување на подводната лабораторија Boknis Eck во Балтичкото Море.

Лабораторијата и опсерваторија вредна 300.000 евра се состои од два дела, едниот тежок 250 килограми, а другиот 100. Беше усидрена на длабочина од 22 метри, но без објаснување исчезна.

Научниците ги исклучуваат како можна причина за исчезнувањето некоја голема бура, силни струи или големи морски животни.

И двата дела се наоѓале меѓу данската и германската граница, а биле отстранети „со голема сила“ од местото каде биле поставени.

Подводната лабораторија престана да испраќа податоци на површината на 21 август во 20 часот и 15 минути и веднаш потоа беа испратени нуркачи за да проверат за што се работи. Тие открија дека целосната структура ја нема и нашле само исечени кабли.

Boknis Eck беше поставена на оддалеченост од 1,8 километар од брегот во зона каде е забранет цивилен и комерцијален воден сообраќај.

Лабораторијата и опсерваторија собираше податоци за температурата на водата, хранливите материи, количината на сол и концентрацијата на хлорофил и метан за да се процени здравјето на локалниот екосистем.

Истражувачите велат дека податоците од Boknis Eck се од „апсолутно непроценлива важност“.

Извор: Klix.ba

 

Текстот Подводна лабораторија исчезна без трага во Балтичкото Море е превземен од USB.mk.