Американската вселенска агенција NASA ги користи длабочините на Атлантскиот океан за да ги подготви астронаутите кои ќе бидат дел од новата програма за истражување на Месечината.
Астронаутите и акванаутите на длабочина од 19 метри под површината на океанот ќе вршат низа на експерименти за собирање на податоци за спиењето, а ќе користат и приширена реалност во навигациски цели.
Базата „Aquarius Reef” е единствениот постојан оперативен подводен погон од тој вид во светот со кој управува Интернационалниот Универзитет на Флорида. Може да прими до шест истражувачи, а освен NASA, услугите на оваа лабораторија ги користи и американската воена морнарица.
Соединетите Американски Држави имаат намера да се вратат на површината на Месечината до 2024. година, но моментално тој проект има проблеми со обезбедувањето на финансиските средства, пишува Futurism.
Извор: Tportal.hr
Текстот Погледнете каде астронаутите се подготвуваат за истражувањата на Месечината и Марс е превземен од USB.mk.