“Полицискиот робот” засега се уште е во фаза на развој и веројатно ќе поминат години пред да го здогледаме на улиците, а дотогаш веќе и автопилотите ќе ја преземат контролата.
Поголем дел од возачите барем еднаш ја имале таа чест да ги сопре полиција. Некои во рамки на редовна контрола, други бидејќи нешто згрешиле.
Но, како би изгледало кога од страната на возачот, наместо полицаец би се појавил “робокап”?
Американскиот истражувачки институт SRI Internetional разви прототип на “полициски робот” кој би требало да ги заштити полицајците при запирањето на возачите.
Роботот на SRI не е вистински “робокап”, туку уред кој функционира заедно со полицаецот. Се состои од камера со микрофон и екран со звучник, кои се поставени на телескопска рачка и прицврстени на полициско возило. Кога полицаецот ќе го запре автомобилот, наместо да излезе од автомобилот и да се изложи на потенцијална опасност, може да го испрати “полицискиот робот”, преку кој може да комуницира зо возачот.
“Полицискиот робот” може да направи се што и вистински полицаец – да ја скенира возачката дозвола, да напише казна, па дури и да постави шилци за да го спречи возачот да побегне со автомобилот.
“Полицискиот робот” засега се уште е во фаза на развој и веројатно ќе поминат години пред да го здогледаме на улиците, а дотогаш веќе и автопилотите ќе ја преземат контролата.
Извор: Zimo.hr
Текстот Погледнете како изгледа кога ќе ве запре “робокап” (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.