Првиот циклус од тестовите за издржливост при судир на хрватскиот автомобил C_Two е завршен, а сето тоа убаво снимено.
Завршен е првиот циклус на краш тестови на Rimac C_Two, објави Мате Римац на својот Facebook профил
„Обидете се да не гледате на страна кога милиони ќе удрат во ѕидот“, пишува Римац, алудирајќи на вредноста на автомобилите кои ги уништуваат во краш тестот.
Објавата е проследена со петминутно видео од краш тестовите.
„Решивме да ви го покажеме нашиот пат и да ви покажеме сè“, се вели во насловот на видеото на YouTube со предупредување на почетокот.
„Некои автомобилски фанови можеби сметаат дека следната содржина е вознемирувачка“, напишале од компанијата. Јасно, сето ова е шега бидејќи тестовите за несреќи се задолжителни и стандарден дел од производството на сите автомобили и тие го тестираат однесувањето на автомобилите во сообраќајни незгоди.
Како потсетување, Мате Римац уште во пролетта оваа година најави производство на дури 30 прототипови кои ќе бидат „искршени“ со цел да се добие глобална хомологација. Ова е бизнис за кој малку производители од оваа големина се подготвени и способни. Дури и еден Koenigsegg за краш тестови користи еден прототип кој го поправа и прилагодува за секој нов тест.
Извор: B92.net
Текстот Погледнете како изгледа креш тест на суперавтомобилот на Rimac од два милиони евра (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.