Првиот електричен комерцијален хидроавион полета во канадски Ванкувер, пренесуваат светските медиуми.
Во краткиот пробен лет на Харбор Ера и Магникс учествувале шест патници. Тие две компании соопштиле дека ова е првиот чекор во изградбата на првата електрична флота на светот.
„Овој историски лет означува почеток на нова ера во воздухопловството, електричното доба”, стои во нивната изјава, пренесува хрватски Index.
Станува збор за хидроавионот DHC-2 de Havilland Beaver, кој има 750 коњски сили.
Текстот Полета првиот електричен комерцијален хидроавион (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.