Porsche го достигна апсолутниот врв кога станува збор за автомобилска персонализација.
И додека, на пример, Ford нуди специјализирани ленти и ги фактурира како чисто злато, во Porsche нудат нешто сосема друго, исто така многу скапо. Станува збор за вашиот отпечаток од прст кој ќе биде испринтан на предниот капак со иновативна технологија за боење. Се разбира, под услов да сте сопственик или барем да имате одобрение од сопственикот. И да, опцијата е достапна веќе од следниот месец, по цена од „само“ 7500 евра.
За боењето ќе биде надлежен специјален тим во Зафенхаузен, кој ќе го отпечати отпечатокот со технологија многу слична на онаа на инк-џет принтерите.
Porsche Exclusive Manufaktur has opened the door to the most unique, one-of-a-kind sports cars on the road, and that…
Posted by Porsche Atlanta Perimeter on Вторник, 25 февруари 2020
„Принципот на работа е сличен на работата на инк-џет принтерите. Бојата со помош на главата на принтерот автоматски се нанесува на тродимензионалните компоненти без прелевање. Индивидуалната контрола на млазниците овозможува насочено вбризгување на секоја капка боја”, вели потпретседателот на Porsche AG за развој на производството Кристијан Вил.
Текстот Porsche го достигна врвот на персонализација! е превземен од USB.mk.