Изминатата недела Porsche отвори нов паркинг за брзо полнење во Лајпциг, нарекувајќи го „најмоќниот во Европа“.
Во моментов има шест интерни полначи за брзо полнење, веројатно по 350 kW секој, како и 12 јавно достапни DC (350 kW) и четири од 22 kW.
До крајот на март 2020 година, употребата на услугите на оваа локација ќе биде бесплатна за сите корисници, што значи дури и оние кои не возат електричен Porsche. Потоа „полаќањето ќе се врши со помош на стандардни картици од провајдерот според неговите услови.”
„Новиот паркинг за полнење значително ќе ја збогати инфраструктурата во централна Германија. Електричните и хибридни возила од сите марки се добредојдени. Со задоволство можам да понудам атрактивна опција за полнење на електричните возила на сопствениците од Лајпциг и околината, како и за патниците во транзит“, вели Герд Руп, Претседател на Управниот одбор на Porsche Leipzig GmbH.
Брзиот Porsche Turbo Charger е развиен од Porsche Engineering, поставувајќи нови стандарди во однос на времето за полнење, се разбира, во зависност од моделот на автомобилот, така што може да се обезбеди до 100 километри возење за само пет минути. Сите возила со таканаречената Combined Charging System конекција (CCS2) можат да ја користат функцијата за брзо полнење.
Извор: Додај Гас
Текстот Porsche ја отвори најмоќната станица за полнење во Европа е превземен од USB.mk.