Најновите археолошки ископувања во Израел, на подрачјa од Газа до Галилеја покажуваат дека последната позначајна колонија на Египетското Царство на фараоните – Канан исчезнала по побуна во којашто биле запалени некои од најважните египетски утврдувања во тој дел на Азија.
Тоа се случило околу 1125 година пр.н.е. и тоа го означило крајот на египатската окупација на Канан. При сеопфатни истражувања на израелските археолози, пронајдени се саркофази карактеристични за египeтскиот начин на изработка, како и скулптури-сфинги, тотеми на божества и портрети на владетелите, објави интернационалниот двомесечник „Аркиолоџи“.
Според археологот Израел Финклстајн од Универзитетот на Тел Авив, областа Канан за Египет била значајно стартешко место, откаде што можело да се контролира движењето на Хетите и трговските патишта од Средна Азија кон Средоземноморјето.
Земјата Канан била освоена од Египет 1458 пр.н.е., по Битката кај Мегида (денес во северен Израел). Победата на Египќаните врз Кананитите ја предводел фараонот Тутмос Трети, и таа важи за една од најславните, оти е забалежана на многу рељефи низ цел Египет.
Текстот Пожар ја уништил последната египетска колонија на Блискиот Исток е превземен од USB.mk.