По 25 години од откритието на првата планета која орбитира околу ѕвезда налик на Сонцето, на ова предавање ќе направиме преглед на техниките и технологиите кои се користат за откривање на екстрасоларни планети. Од илјадниците досега откриени екстрасоларни планети, стотина се од земјен тип. Ќе споменеме неколку примери на планети за кои податоците велат дека наликуваат на нашата планета, Земјата.
Осмото предавање од популарниот циклус на Скопско Астрономско Друштво ќе се одржи во четврток, со почеток во 20 часот, во Амфитеатарот при Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Цената на влезницата изнесува 100 денари, а за членовите на Скопско Астрономско Друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ – Скопје, влезот ќе чини 50 денари (притоа посетителот треба да покаже членска карта или индекс).
Билетите се купуваат пред почетокот на предавањето, на влезот на амфитеатарот, и не е потребна претходна најава. Се замолуваат посетителите дојдат 10 минути пред почетокот, како би можеле навремено да купат билет и да се сместат во амфитеатарот пред почетокот на предавањето.
Текстот Предавање: Потрага по Земја 2.0 е превземен од USB.mk.