Предупредување од NASA: Покрај Земјата денеска ќе помине голем астероид

Астероидот 2019 GC6, кој беше откриен на 9. април и денеска ќе помине покрај Земјата, би можел да претставува голем ризик за нашата планета, предупредуваат од NASA. За среќа, денеска нема опасност за Земјата, бидејќи се очекува да помине на околу 219 илјади километри од нас – што за вселенските пространства е многу мала оддалеченост, но научниците предвидуваат дека повторно ќе помине покрај земјината топка во 20134., 2041. и 2048. година и дека моментно е тешко да се предвиде неговата прецизна патека.

Ни тогаш веројатно нема да има опасност, но астрономите внимателно ќе го следат неговото движење и научниците од Jet Propulsion Laboratory (JBL) го поставија на листата астероиди кои претставуваат ризик за нашата планета и во следните 100 години постои можност да се судрат со Земјата. Големината на овој астероид изнесува помеѓу 7,5 и 30 метри и од NASA соопштуваат дека е голем колку десеткатница, а брзината со која ќе помине покрај Земјата изнесува повеќе од 20.000 км/ч.

Закана за Земјата?

Научниците како астероиди кои претставуваат потенцијална опасност за Земјата ги сметаат оние кои поголеми од 140 метри во дијаметар и астрономите од JBL константно ги следат таквите вселенски објекти.

Според астрофизичарката Карен Мастерс, кога астрономите ќе откријат астероид кој би можел да удри во Земјата или да помине блиску до неа, веднаш почнуваат дополнителни истражувања и проучување на нивната патека, а според сите досегашни калкулации на астрономите, моментно не постои, односно не е откриен ниту еден потенцијално опасен астероид, на чија патека се наоѓа нашата планета.

 

Текстот Предупредување од NASA: Покрај Земјата денеска ќе помине голем астероид е превземен од USB.mk.