Прекрасна глетка: Земјата и Месечината „заробени“ во еден кадар

Фасцинантна фотографија е снимена од кинескиот сателит Лонгјианг – 2 на која се гледа ретка перспектива – огромна задна страна на Месечината со „малечката“ планета Земја.

Еве како изгледаат Месечината и Земјата „заробени“ во еден кадар, на фотографијата настаната на 3. февруари оваа година.

Сателитот Лонгијанг – 2 влегол во орбитата на Месечината во јуни 2018. година и лансиран е заедно со кинеската сонда за комуникации „Куекиао“, што било критично за Чанг’е – 4 сондата.

Во јануари Чанг’е – 4 успешно го допре тлото на спротивната страна на Месечината – онаа која е свртена кон Земјата.

Лонгијанг – 2 имал сателитска придружба, Лонгијанг – 1, кој исто така имала задача да орбитира и ја набљудува Месечината, меѓутоа Кина го загубила контактот со неа, пренесува „Спутник“.

Извор: B92.net

Текстот Прекрасна глетка: Земјата и Месечината „заробени“ во еден кадар е превземен од USB.mk.