Астронаутите често го воодушевуваат светот со своите фотографии од вселената – местото кое што малку луѓе имаат прилика да го посетат.
Ѕвездени патеки
На оваа фотографија која ја направи екипажот на Меѓународната вселенска станица може да се видат трагите на ѕвездите кои што минуваат низ Земјиното небо. Секако, станува збор за композитна фотографија составена од повеќе од 400 фотографии кои што во период од 11 минути ги направи астронаутката на НАСА, Кристина Кох.
Селфи на BepiColombo
Вселенското летало BepiColombo во текот на првата година во вселената направи 500 фотографии со помош на три камери. Интересно е што 200 од 500-те фотографии се селфи фотографии, слични на оваа подолу. BepiColombo е дел од првата европска мисија на Меркур.
Стаклен материјал на Месечината
Кинескиот ровер Yutu 2 ја направи оваа фотографија од стаклестиот материјал на раб од мал кратер на Месечината. Оваа фотографија која ја претставија од кинеската Програма за истражување на Месечината ја прикажува материјата која што досега не сме имале можност да ја видиме.
И Curiosity сака да прави селфи
Роверот на НАСА кој се наоѓа на Марс направи ново селфи. На фотографијата е прикажана паорама која всушност е комбинација на вкупно 57 фотографии направени со помош на Mars Hand Lens Imager – камера поставена на крајот од роботската рака.
Чудата на астрофотографијата
На оваа фотографија можеме да видиме ученик по астрофотографија кој стои пред Млечниот пат и исклучително светлиот Јупитер за време на одржувањето на една работилница по астрофотографија во Португалија. Јупитер свети толку силно затоа што се наоѓа на точка во ротација спротивно од Сонцето.
Текстот Прекрасната вселена: Погледнете ги овие пет прекрасни фотографии кои ја одбележаа неделата е превземен од USB.mk.