Претставен најголемиот приватен млазен авион на светот (ВИДЕО)

Најголемиот приватен млазен авион на светот го претстави компанијата Gulfstream Aerospace Corp., а се работи за моделот Gulfstream G700 TM.

Овој нов модел, како што соопштија од компанијата, отсега ќе биде водечки авион на компанијата. Gulfstream го најави новиот G700 модел на изложбата на авиони и воздухопловна опрема за 2019. година во Лас Вегас.

На настанот, претседателот на компанијата Марк Брнс прикажа нацрт од новиот авион, како  и видеоснимка на авионот.

„Gulfstream G700 ги има најдобрите елементи од нашите најиновативни производи и ги обединува за да создаде целосно ново летало со напредна технологија која одново ги дефинира безбедноста, удобноста и брзината“, вели Брнс.

Оваа најава е најнова вест во историјата на деловното воздухопловство и е резултат од вложувањата на General Dynamics во развојот на Gulfstream технологијата, дополни тој.

Авионот има пространа кабина, голема кујна со патнички салон и посебна просторија за екипаж, како и главен апартман со бања.

Интересно е дека Qatar Airways веќе нарача десет летала Gulfstream G700, пишува Haute Time.

Извор: Klix.ba

Текстот Претставен најголемиот приватен млазен авион на светот (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.