Центарот за трансфер на технологии и иновации „Инофеит“ и компанијата „Информ“ денеска ќе го претстават мобилниот инструмент за мерење параметри на аерозагадувањето (Pm₁₀, Pm₂.₅, CO₂, NO₂, SO₂, CO) – „Bluecloud“.
Производот е плод на соработката на „Инофеит“ и „Информ“, а е развиен со финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој.
Потребата за ова ново техничко и иновативно решение произлегува од проблемите со аерозагадувањето во земјата. Зголеменото количество на ПМ-честички во воздухот, како и останати штетни гасови што секојдневно ги вдишуваме во урбаните средини низ државата, создаваат огромна штета на генералното здравје на популацијата, како и непоправлива економска штета за државата. За да се собори овој голем проблем, потребна беше иновација и соработка на повеќе нивоа, вели во соопштение Тодор Стојчевски од „Chapter4“.
Оваа иновација, како што се наведува во соопштението, ќе донесе можност за проширување на микролокации што не се покриени со стационарните мерни станици, а со тоа се добива можност да се вршат мерења и преку наведувани летала – дронови, зголемено количество информации со аналитика преку cloud сервис и модуларен пристап со што ќе го олесни начинот на одржување на уредот.
Текстот Претставување на Bluecloud – мобилен инструмент за мерење параметри на аерозагадувањето е превземен од USB.mk.