Петтиот супертајфун од почетокот на годината е формиран во западните делови на Пацификот. Сликите од Трами биле фотографирани од астронаут на Меѓународната вселенска станица.
Европскиот астронаут што ги направи фотографиите, Александар Герст, ги објави на својот профил на „Твитер“ опишувајќи ја бурата како некој да извлекува голем приклучок од нашата планета.
26th September 2018 #Supertyphoontrami
Insane pictures from astronaut Alexander gerst from the International Space Station ,
Of the " Super Typhoon Trami"
Is now a category 5 super typhoon .
Heading towards Japan and Taiwan .
Core winds – 200 km/h
Gusting to 250 km/h pic.twitter.com/ApthatLrNP— Santosh Subramanian (@sksweatherman) September 26, 2018
„Гледаме уште една голема бура, тајфун кој е 5-та категорија и се вика Трами, тајфунот е незапирлив и се упати кон Јапонија и Тајван. Бидете на сигурно вие долу“, напиша тој.
Тековните прогнози велат дека тајфунот ќе го погоди северен и централен Тајван, како и јапонскиот остров Рукју. Од друга страна, метеорологот на Си-ен-ен, Том Сеитер, вели дека бурата се стабилизирала, но метеоролозите ја чекаат да видат каков ќе биде нејзиниот пат.
Staring down the eye of yet another fierce storm. Category 4 Typhoon Trami is heading for Japan. Be safe down there! #TyphoonTrami
credit: @Astro_Alex#RIN #Navigation #TyphoonTrami #Japan #tyhoon #Trami #space #ISS #storm pic.twitter.com/U1lrwqNtXz
— Royal Institute of Navigation (@at_RIN) September 26, 2018
Бурата продолжува да носи ветрови од 140 километри на час, а Сеитер пососчи дека засега е многу непредвидлива, иако според нивните информации е смирена.
Текстот Пристигнува незапирливиот петти супертајфун оваа година е превземен од USB.mk.